Вести Култура

Без Национален регистар на културно наследство невозвожна е заштитата во услови на воени конфликти

Од минатиот месец, откако започна воениот конфликт меѓу Израел и Хамас, во Газа се уништени повеќе цркви и други сакрални објекти, а нема информации за заштита на културното наследство од страна на експерти. А, во почетокот на руската воена агресија врз Украина, според информации на Меѓународниот „Син Штит“, само еден музеј во Киев успеал да ги евакуира своите артефакти.

Македонија, по конфликтот од 2001 година, има изготвено методологија за проценка на штети и за валоризација на културното наследство. Постои некаква база на податоци за недвижното, но немаме никаква за движното културно наследство, велат од МНК „ Син штит“.

„Овде е проблем, затоа што најпрво никако не профункционира Националниот регистар на културно богатство, каде што сите информации за движното културно богатство би требало да бидат слеани. Потоа процесите на валоризација и ревалоризација. Тоа е, практично, најслабата страна во процесот на заштита, особено музеите, архивите и слично“, вели Оливера Џартовска Тачевска, претседателка на МНК „Син штит“.

Нашата држава од поранешната југословенска заедница има преземено правилници и тајни локации за сместување на културното наследство при воени конфликти. Но , тие денес не функционираат во пракса, велат од МНК- ИКОМ.

„Народната одбрана во случајов, не функционира. Тоа е еден правилник и еден ланец кој што треба во случај на воени услови да профункционира. Исто така треба да функционираат и резервните офицери, да се добијат возила од армијата и т.н. Тоа е еден голем ланец, план кој треба да се имплементира“, изјави Благоја Варошанец, претседател на МНК-ИКОМ.

Доколку надлежните институции не спровеле превентивни мерки, со план за зачувување на културното наследство во услови на војна, согласно вториот протокол од Хашката конвенција, чиј потписник е и Македонија, „Син штит“ и УНЕСКО стекнуваат право во брза постапка да поднесат список на артефакти што би се ставиле под засилена заштита.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе