Култура

„ Млад отворен театар“ започнува со изведба на „ Декамерон“ на театарот од Прилеп

Со изведба на наградуваната претстава „ Декамерон“ на театарот „ Војдан Чернодрински“ од Прилеп, вечерва во Младинскиот културен центар ќе започне 48 издание на Интернационалниот театарски фестивал „ Млад отворен театар“. До 18. ноември кога завршува,  на програмата на МОТ има 21 претстава, од кои 6 домашни од независната сцена што ќе се борат за наградата „ Биш“. А, современиот прочит на класиката „ Декамерон“,  која зборува за отпорот на луѓето кон појавата на чумата во 14 век во Фиренца, го вперува прстот во поединецот, како виновник и за пандемијата со корона вирусот, вели режисерот Мартин Кочовски.

  • Целата идеја е дека тоа не се случило во тој век. Дека ќе се случува постојано. Дека ние сме доста виновни за тоа што ни се случува на нас. И како човештво и на планетата. И заради тоа , безвременоста на тие проблеми што ги имаме, сакав да ги прикажам  со современи решенија, цитати, референци, вели режисерот Мартин Кочовски .

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе