Култура

Трансформација на Друштвото на писатели и унапредување на статусот на писателите најавуваат кандидатите за раководни функции

Промени и унапредување на ДПМ, подобрување на статусот на писателите и поголема присутност на Друштвото дома и во странство. Ова се главните заложби во објавените програми на кандидатите за претседател на писателската асоцијација и за претседател на Собранието на Друштвото, за претстојното Вонредно изборно собрание, закажано за 25 ноември.  Во својата програма Живко Грозданоски, кој втора година за ред се кандидира за претседател на ДПМ,  како врвен приоритет го истакнува поттикнувањето на разбирањето и културната размена меѓу членството на ДПМ.

  • Консолидирање на членството;
  • Ревизија на финансиското работење;
  • Изготвување програма за активности;
  • Одбележување 30 години од смртта на Блаже Конески и други настани;
  • Изработка на правилници за работата на ДПМ и на неговите органи, стои во програмата на Живко Грозданоски.

Доколку биде избран за претседател на ДПМ, Блаже Миневски најавува мандат од една година, која ќе биде посветена на трансформација на асоцијацијата, по што ќе се оди на вонредни избори, согласно изготвениот во меѓувреме, нов Статут.

  • Подготовка на правни акти за трасформација на ДПМ;
  • Обраќање до Министерството за култура за вонредни мерки за финансиска поддршка;
  • Спонзорирање програмски активности од водечки компании;
  • Системско решение за утврдување на висината на авторскиот хонорар;
  • Реактивирање на активностите за формирање Агенција за книги, е наведено во програмата на Блаже Миневски.

Мирче Нешовски како претседател на ДПМ ќе се бори против клановската поврзаност во Друштвото , зашто како што вели, автори станале издавачи, а за нив се прилепени други автори што се фаворизираат во јавноста.

  • Вклученост на сите членови во работата на ДПМ;
  • Подготовка и реализација на развојни проекти;
  • Развивање и афирмација на македонските културни врски и односи во регионот и пошироко низ Европа и во светот;
  • Свикување донаторска конференција;
  • Декларација за македонскиот јазик, гласи дел од програмата на Мирче Нешовски.

А, Гоце Ристовски како кандидат за претседател на асоцијацијата, се залага за јакнење на дигнитетот на Друштвото, негова реорганизација и демократизација и подобрување на статусот на професијата писател.

  • Поддржување и активна соработка со конкретни иницијативи и иновативни програми со литературни фестивали и други манифестации во земјава и дијаспората;
  • Поддршка на литературни клубови;
  • Проширување и зајакнување на соработката со Министерството за култура и со други надлежни државни тела;
  • Соработка со издавачки куќи;
  • Реално вреднување на писателскиот труд, се вели во програмата на Гоце Ристовски.

Кандидатот за претседател на Собранието, Иван Антоновски, се застапува за транспарентна трансформација и модернизација на Друштвото. За негова вклученост во креирање на културните политики во државата и за мапирање на проблемите на членството и нивно решавање преку предлози до Претседателството. А, Стефан Марковски , програмата за претседател на Собранието ја темели на три столба : Меѓународна дејност и соработка, Грижа за благосостојбата на писателите и доекипирање на ДПМ за создавање специјализирани сектори.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе