Uncategorized Вести Свет

Тринеделелна војна- преполни болници со повредени деца и над илјадници мртви

Бројот на загубени млади животи во војната драстично се зголемува од ден на ден. За неполн месец повеќе од 3600 палестински малолетници и деца се убиени во Газа според палестинското Министерство за здравство. Згмечени, изгорени од експлозија, погодени од воздушни напади…деца кои мислеле дека ќе бидат заштитени под заедницата на црквата, млади новинари и новороденчиња.

Глобалната добротворна агенција Save the children, соопшти дека бројот на убиени деца во Газа за само три недели го сруши бројот на убиени деца во сите светски воени зони по 2019 година.

Иако Израел изјави дека неговите воздушни напади се наменети само кон инфраструктурата, бројките на починати не го сведочат истото. Сликите од деца под рушевини и валкани болнички колички почнаа да го потресуваат светот.

За нападите врз деца, освен сликите сведочат и изјавите на родителите и роднините на повредените деца.

Малолетната ќерка на Адам ал Махмуд, Кензи има ампутирана десна рака и скршеница на черепот.

“Добив повик дека куќата покрај куќата ( онаа ) во која се наоѓаат мојата жена и ќерка е бомбардирана.  Куќата се урнала целосно врз нив. Имало повредени, а девојките ги извадиле од под урнатините. Ми се јавија кога си одев од Њусајрат и ми кажаа дека мојата ќерка Кензи била маченик, но кога стигнав во болницата сфатив дека и дале прва помош. Таа страда од ампутирана десна рака, скршеница на черепот, карлицата и ногата“.

“Состојбата на Кензи е како и на сите други деца кои се мета, некој од нив ги загубија нозете, ампутирани се, а некој од нив го загубија и животот. Состојбата во Газа е трагична, нема заштита да се биде цивил, а метите се во сите области без ограничување.“ – Адам ал Махмуд, таткото на повреденото девојче

Голем број луѓе во оваа војна ја имаат изгубено целата своја фамилија.

Плачејќи врз единствениот млад преживеан од нејзиното семејство, Јасмин Џоуда- тетката на малата Мелициа.

“Зборуваме за 68 убиени члена од мојата фамилија. Таа е единствената преживеана, која е парализирана. Има шрапнел кој ја удрил во кичмата, девојчето не може воопшто да се движи.  Што згрешила таа? “

“Вие баравте од нив да се евакуираат на југ, за да ги убиете на југ?“

“Луѓето бегаат од смрт, за да најдат смрт“ –Јасмин Џоуда, тетка на повреденото девојче

Израел го обвинува Хамас за бројот на загинати во Газа. Според Министерството за здравство на Газа бројот на загинати надмина 8.700.

А преку 7000 ранети Палестинци се на возраст под 18 години односно деца,  за кои лекарите велат дека поради повредите тие ќе имаат последици цел живот.

Хамас го обвинува Израел дека напаѓа станбени објекти преполни со луѓе.

 

Мила Тодоровска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе