Култура

Христо Петрески бара мислење од членовите на ДПМ за датумот за одржување на Вонредното изборно собрание

Иако Вонредното изборно собрание на Друштвото на писатели на Македонија е закажано за 25 ноември, претседателот на Друштвото во оставка, Христо Петрески, има дилеми околу датумот, поврзан со рокот за неговото закажување согласно Статутот и за тоа бара мислење од членството. За разлика од него, претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска е децидна дека нема поместување на изборите зашто се закажани на време.

Дали ќе се одржи Вонредното изборно собрание на ДПМ, закажано за 25 ноември? За датумот на одржување претседателот на ДПМ во оставка , Христо Петрески, преку соопштение бара мислење од членството на Друштвото. Дилемата на Петрески е поврзана со рокот што го диктира Статутот на писателската асоцијација, за закажување на Изборното собрание.

  • Ве молам да се изјасните кога точно треба да се одржи вонредното Изборно собрание, поради 45-те дена предвидени во Статутот од денот на закажување на Собранието и повикот за доставување кандидатури и нивно разгледување, за да биде изборниот процес законски, вели Петрески во соопштението.

Петрески сугерира, на изборниот ден да се користи новиот Деловник, донесен во мај лани, според кој е воведена ждрепка за избор на лица кои ќе ги бројат гласовите , а броењето да биде јавно. Тој исто така бара, како минатата и оваа година, Дневниот ред на Вонредното изборно собрание да биде објавен 45 дена пред неговото одржување, за сите членови да бидат информирани и да имаат време да поднесат кандидатури, што ќе бидат разгледани од останатото членство. И признава дека иако се трудел, останале проблемите со електронскиот адресар и списокот на членовите на ДПМ , кој ќе биде изборен , во кој, како што вели Петрески,  има починати и еден запишан член кој не е примен во Друштвото. Затоа бара од членството да укаже на пропустите.

А, претседателката на Собранието на ДПМ, контра Петрески.

  • На 10 октомври објавив дека свикувам Вонредно изборно собрание кое го закажав за 25 ноември. Датумот за одржување на Собранието е согласно Статутот на ДПМ, каде е пропишано дека членството треба да се извести јавно 45 дена пред утврдениот датум, вели во изјава за Телма претседателката на Собранието на ДПМ, Христина Николовска.

Николовска потврди дека од Петрески не добила точен и комплетен електронски адресар и список од членството, ниту список за Собранискиот одбор, поради што не можела да свика Годишно собрание на ДПМ. Добила и постара верзија на Деловникот за работа на седницата на Изборното собрание. Во овие околности, како што вели, таа сама работи на надминување на проблемите, во интерес на демократски и фер избори.

На Изборното собрание ќе се бираат нови претседатели на Друштвото и на Собранието, и членови на Претседателството и на други тела, откако на 6 октомври мнозинство од Претседателството поднесоа оставки, незадоволни од раководењето со ДПМ.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Евровизија во Малме оваа година мета на скандали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе