Вести Култура Македонија

Починати лица во ажурираниот список на Друштвото на писатели создаваат недоверба за местење на изборите во ноември

Имиња на починати писатели и поети осамнаа во ажурираниот список на членови на Друштвото на писатели на Македонија, верификуван од потпишаната претседателка на Собранието, Кристина Николовска. Тоа го вклучи алармот кај членството за можно местење гласови на претстојното Вонредно изборно собрание на 25 ноември. Од асоцијацијата бараат достоинствено спроведување на изборите. А, претседателката на Собранието со одговор дека работат на допрецизирање на списокот.

Во ажурираниот список на членови на Друштвото на писатели на Македонија, верификуван од потпишаната претседателка на Собранието, Кристина Николовска, има имиња од починатото членство , но и лице кое си заминало од Друштвото. Ова создава недоверба кај останатите членови дека на Вонредното изборно собрание, закажано за 25 ноември, кога ажурираниот список ќе биде избирачки, може да се манипулира со гласовите на починатите писатели и поети: Радован Павловски, Владимир Костов,Никола Кочовски, Драги Михајловски и Луан Старова, велат од асоцијацијата.

„Постои недоверба затоа ние будно ќе ја следиме ситуацијата. Тој список кој што е ажуруран и кој што треба дополнително да биде ажуриран е јавен, достапен секому, нели се наоѓа на веб страницата на ДП, во категоријата Членови. И ние нема да дозволиме до крај да останат вакви пропусти“, вели писателката Фросина Пармаковска.

Од ДПМ бараат професионално и достоинствено спроведување на изборите. Имаат разбирање за апелот на Николовска за трпение и соработка, но велат дека нема да дозволат местење на изборите. А, претседателката на Собранието, Кристина Николовска вели дека работат на ажурирање на списокот, дека ќе биде допрецизиран и јавно објавен 10 дена пред одржување на Вонредното изборно собрание.

Членството на ДПМ реагираше претходно зашто во електронскиот адресар според кој требаше да бидат известени за одржување на Вонредното изборно собрание, имаше помалку од една четвртина од вкупниот број членови и се посомневаа за местење на изборите. Тогаш претседателката на Собранието кажа дека ќе направат нов , комплетен адресар и дека техничката секретарка работи на тоа, интензивно.

На Вонредното изборно собрание на ДПМ ќе се бираат претседатели на Друштвото и на Собранието и членови на Претседателството и на други тела на асоцијацијата. Изборите ќе се одржат откако мнозинството членови од Претседателството поднесоа оставки на 6 октомври, незадоволни од работата на раководството. По нив следеше сагата со пиши- бриши оставките на претседателот на ДПМ, Христо Петрески, кој официјално поднесе оставка на 17 окомври.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе