Култура

Недела на јапонски филм во Скопје и во Битола

На 3ти ноември по шеснаесетти пат ќе започне „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Македонија. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 5 филма кои ја разоткриваат богатата јапонска кинематографија загатнувајќи ги темите за љубовта,стареењето и губењето на сеќавањата, предизвиците со кои во општеството се соочуваат луѓето со аутизам, како и проблемите и предизвиците со кои се соочуваме во нашите животи воопшто, можноста за идентификација и емпатија.

  • Следната година е триесет годишнината од воспоставувaњето на дипломатски односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија. За таа цел ќе се потрудиме да биде година исполнета со впечатливи настани кои уште повеќе ќе ги приближат нашите народи. Во таа насока, би сакале да ве информираме дека покрај дистрибуцијата на јапонски филмови, Јапонската фондација работи и на спроведување на сеопфатни меѓународни програми за културна размена низ целиот свет – Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија.
  • Во овој случај овој фестивал ни помага да ги забележиме заедничките човекови драми што се искусуваат во секоја култура и ја приближуваат Јапонија до обичниот граѓанин на Македонија. Филмовите кои ќе ги видиме на јапонскиот филмски фестивал се нискобуџетни,  независни филмови, ангажирани визуелни драми на млади режисери за кои се надевам ќе не тргнат од секојдневието и ќе не поттикнат на размислување- Владимир Ангелов, директор на Кинотека на РСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе