Вести Култура

16-то издание на „Недела на јапонски филм“

Годинашната програма на Неделата на јапонски филм во Кинотека на РС. Македонија загатнува теми за секојдневните предизвици со кои се соочуваат претставници од различни демографски групи во јапонското општество. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 5 филма кои ја разоткриваат богатата јапонска кинематографија загатнувајќи ги темите за љубовта, стареењето и губењето на сеќавањата, предизвиците со кои во општеството се соочуваат луѓето со аутизам, можноста за идентификација и емпатија.

Следната година е триесет годишнината од воспоставувaњето на дипломатски односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија. За таа цел ќе се потрудиме да биде година исполнета со впечатливи настани кои уште повеќе ќе ги приближат нашите народи. Во таа насока, би сакале да ве информираме дека покрај дистрибуцијата на јапонски филмови, Јапонската фондација работи и на спроведување на сеопфатни меѓународни програми за културна размена низ целиот свет, изјави јапонскиот амбасадор Оцука Казуја.

Дебитантскиот филм „Барем љубов“ на младиот режисер Косаи Секине, со кој започнува Неделата на јапонски филм ја обработува темата на еден општествен проблем наречен хикикомори. Се работи за специфичен тип на повлеченост од општеството што се појавува кај младата популација во Јапонија.

Во овој случај овој фестивал ни помага да ги забележиме заедничките човекови драми што се искусуваат во секоја култура и ја приближуваат Јапонија до обичниот граѓанин на Македонија. Филмовите кои ќе ги видиме на јапонскиот филмски фестивал се нискобуџетни,  независни филмови, ангажирани визуелни драми на млади режисери за кои се надевам ќе не тргнат од секојдневието и ќе не поттикнат на размислување, вели директорот на Кинотека Владимир Ангелов.

Битола ќе биде домаќин на Неделата на јапонскиот филм на 9 и 10 ноември.  сите проекции се бесплатни, но со граничен капацитет.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе