Вести Култура

Помалку од четвртина од членовите на ДПМ известени за Вонредното изборно собрание

Помалку од една четвртина од членовите на Друштвото на писатели на Македонија деновиве добиле известување од раководството за одржување на Вонредното изборно собрание, закажано за 25 ноември. Тие се исплашени дека изборите може да бидат изманипулирани. А, револтирани се од односот на претседателката на Собранието, Кристина Николовска, зашто ги игнорирала нивните предлози за начинот на организирање на изборите и предложила за тоа да се формира Комисија, спротивно на Статутот на ДПМ.

Страв кај членовите на ДПМ дека на вонредните избори ќе бидат изманипулирани. Нешто над 70 од 240 членови на Друштвото кои живеат во Македонија, добиле известување за претстојното Изборно собрание на 25 ноември. Во таа бројка од адресарот на ДПМ има и нефункционални адреси, и такви на починати членови, а новите воопшто не се внесени, реагира поетот Славе Ѓорѓо Димоски. Според него, за да се врати достоинството на писателската асоцијација по скандалот со пиши- бриши оставките на претседателот  на ДПМ, Христо Петрески, откако мнозинството членови од Претседателството поднесоа оставки , незадоволни од работата на раководството, потребно е вонредното Изборно собрание да се организира и спроведе сериозно, со учество на што поголем број членови, вели Димоски.

Да се ангажира, да се мобилизира поголемо членство за да го нема тој страв . Ако остане вака со овој адресар, ќе биде исто како порано. А, тоа значи манипулација при изборите од претседателите и од Собранието на ДПМ, вели Славе Ѓорѓо Димоски.

Членството е револтирано од односот на претседателката на Собранието , Кристина Николовска , зашто ги игнорирала предлозите, членови кои немаат електронски адреси да бидат известени за Изборното собрание телефонски, а тие што се во странство да гласаат преку ЗУМ. Николовска велат, спротивно на Статутот на Друштвото, предложила да се формира Комисија за организирање на изборите.

Според Статутот на ДПМ претседателот на Собранието на ДПМ е задолжен за организирање на изборни собранија, дали редовни, дали вонредни како што е во овој случај, вели Славе Ѓорѓо Димоски.

Во врска со некомплетниот електронски адресар на ДПМ, претседателката на Собранието за Телма вели дека ќе следи нов, ажуриран список на членовите и дека новата техничка секретарка интензивно работи на тоа. Николовска вели и дека е отворена за предлози, дека гласањето преку ЗУМ за неа е прифатливо, но дека затоа е добро да се формира Комисија која технички ќе помогне околу подготовката на изборите.

На Вонредното изборно собрание на ДПМ ќе се избираат нови претседатели на Друштвото и на Собранието и членови на Претседателството и на други тела на асоцијацијата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе