Вести Свет Топ вести

Се чека евакуација на брачниот пар македонски државјани од Газа

За нив се знае само дека се живи. Единствениот контакт со остатокот од светот им е мобилниот телефон. 9 – ти ден легнуваат и се будат со прашањето дали ќе се спасат од виорот на војната. Газа е домот на брачниот од Македонија  кој секојдневно се надева дека ќе биде извлечен од меѓуграничниот појас. Вода, и храна имаат, бидејки за нив се грижат хуманитарците од црвениот крст, но се уште недостига информацијата кога ќе може да се крене рампата од граничниот премин и да заминат за Египет, па потоа дома. Од МНР за Телма велат дека  се во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно.

 ,,Информираме дека двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.

Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат.” – информираа од Министерството за надворешни работи.

МНР, уверува дека се труди да ги извлече, но се уште не енправен план како ќе бидат превезени од Египет. До овој момент не се пријавил ниту еден македонски граѓанин кој сака да го напушти ИЗраел откако оваа седмица се одзваа и беа превезенина бебездно со авион над 150 лица од Тел Авив.  МНР информира дека работат на идентификација и собирање информации за наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа. Амбасадата во Каиро, Тел Авив и телефони на МНР се на располагање за контакт за оние лица кои имаат потреба. ( МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542)

Со чартер лет организиран од владата на 13 октомври, сите пријавени македонски државјани се евакуирани од Израел.  Во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош.

Марија Коцева

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејвид Гир и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе