Uncategorized

Пет активни пожари во моментот, вчера имаше 37 низ цела Македонија

Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центaрот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, високо над с. Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с. Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума); Општина Долнени, с. Долнени (ниска вегетација) и во Општина Куманово, кај с. Лубодраг (ниска вегетација).  

За дел од пожарите што загрозувале села вчера се дејствувало и со  воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, а некаде покрај противпожарните тимови во одбрана на селата се вклучило и месно население.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе