Uncategorized Вести Економија Македонија

Авионскиот сообраќај ќе се одвива редовно- одложен штрајкот на контролата на летање по средбата со министерот Бочварски

Од синдикатот на контролата на летање потврдија дека е одложен штрајкот закажан за утре, по средбата меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Синдикатот и менаџментот на М-НАВ.

-Договорено е да се спроведат барањата ма Синдикатот за бранот непотребни вработувања, за подобрување на условите за работа и за изработка на анализа за компанијата М-НАВ. Добиени се ветувања и пред министерот дека ќе бидат реализирани барањата. Во наредните 20-тина денови ќе се види дали менаџментот ќе почне да ги реализира ветувањата. Штрајкот е ставен во мирување, изјави за Телма, Александар Тасевски, претседател на Синдикатот во контролата на летање.

-На денешната средба во Министерството за транспорт и врски се постигна договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ), соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Министерството ги поздравува потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието.

-Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието, соопштија од Министерството и ја информираат јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања.

Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М-НАВ стои на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот.

Со договорот, во последен момент е избегнат штрајк и прекин на авио сообраќајот кон, од и над Македонија во попладневните часови секој четврток, како што беше најавено со штрајкот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе