Uncategorized Вести Култура

„Сите сме виновни“ е репликата која ја отсликува стварноста во која живееме – Телма интервју со српската актерка Бранка Катиќ

Во претставата „Самракот на боговите“ во режија на Јагош Марковиќ ја толкувате улогата на бароницата Софи. За оваа соработка на Марковиќ со БДП, за „Самрак на боговите“ тој ќе каже „Мораме да посведочиме, мораме едни на други да си кажеме, за да не помислиме дека се е во ред, за да не отрпнеме за да не посведочиме.“

„Ова е една тешка претстава, таа зборува за распадот на едно семејство, за борбата за моќ, за бескруполозното однесување на најблиските, за децата кои не се сакани и потоа лесно стануваат плен на злосторниците, за подемот на фашизмот за кој и денес мислам дека тлее во целиот свет. За мене на овие години е многу трагично кога сфаќам дека ние како човечки вид не сме се помрднале никаде. Можеби стасавме на не знам која планета или да видиме во космосот нешто или да лечиме некои болести или да се малтретираме да живееме подолго со помош на фармацевтската индустрија, но на едно човечко ниво не мислам дека многу напреднавме, затоа што се уште има толку војни, толку несреќни бегалци за кои никој не сака да се грижи. Се уште се затвораме во некои нации и мислиме дека само затоа што припаѓаме на некоја нација сме подобри и повеќе вредиме од другите, за што сметам дека е тоатална будалаштина. Неодамна правев генетски тест каде што не постојат српски гени или хрватски гени, постои балкански ген, балканско – грчки се вика, така што оние кои мислат дека се подобри од своите соседи и во неможност да смислат нешто поубаво и покреативно, туку да се мрзат, мал поздрав до нив“, вели српската актерка Бранка Катиќ.

Со години живеете на на релација Белград -Лондон. И каде е „домот“?

„Па тоа е едно големо прашање за мене. Домот е таму каде што повеќе се нервирам или помалку да се нервирам. Можеби вистинскиот дом е таму каде што многу повеќе ме боли сето она што се случува и тогаш тоа сигурно би бил Белград. А Лондон е дом затоа што таму можам да се опуштам, тука ми е едното дете, постариот син замина да студира во Америка, така што домот е таму каде што можеш да се чувствуваш како дома“, смета Катиќ.

Која би била репликата која совршено ја отсликува стварноста која ја живееме ?

„Од оваа претстава „Самракот на боговите“ таа реплика сигурно би била „СИТЕ СМЕ ВИНОВНИ“. Сите сме виновни за ова што се случува и секогаш кога ќе помислиме дека некој друг ќе ги води нашите битки, за едно подобро и поправедно општество, додека ние седиме во комфорот на нашите домови, тогаш и ние сме на некој начин соучесници во сето она што се случува“, изјави Катиќ. 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе