Филмови

КОНЕЧНО ВОЗРАСНИ – петок, 29 септември 2023 – 22:15

Најдобрите пријатели Вил Мекензи, Сајмон Купер, Џеј Картрајт и Нил Сатерленд, не се меѓу општествените отпадници, но не се доволно кул за да се дружат со деца какви што тие сакаат да бидат.  Тие штотуку матурираа во средно училиште во предградието на Лондон. Сајмон конечно успеа да ја натера Карли Д’Амато, во која е вљубен уште од мали нозе, да му биде девојка. Но затоа што наесен ќе одат во различни училишта, Карли ќе му раскине. За да го одвратат, фокусираниот ум на Сајмон од Карли, неговите тројца најдобри другари решаваат да го однесат на одмор. Две недели  сонце, песок и девојки пред да преминат на следното поглавје од својот живот. Нил донесува одлука тие да одат во Малија на островот Крит, популарна летна туристичка дестинација за многу Британци. Џеј, со пари од наследство во рака, верува дека може да ја освои секоја девојка што ќе ја посака. Нил треба да се обиде да не ја изневерува својата девојка Никол. Вил сака да додаде малку култура на одморот, а Сајмон сè уште ја бара Карли. Она што започнува како катастрофален одмор има потенцијал да стане авантура кога ќе ги запознаат колегите Британци Алисон, Луси, Џејн и Лиза Ќе се обидат да добијат билети за целодневното крстарење со брод, кое се смета за забава на сезоната на кое се надеваат дека ќе се остварат сите нивни соништа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АРКАНЗАС – петок, 03 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕСНА ЗА МАРИОН – петок, 03 мај 2024 19:20

Дејан Дејан

СУПЕР МОРСКО ПРАСЕ – петок, 03 мај 2024 – 10:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе