Филмови

БЕЗНАЧАЕН ПРОБЛЕМ – недела, 01 октомври 2023 – 19:45

Севиља (Андалузија, во јужна Шпанија), 2019 година, Сара е успешна во работата со животни осигурувања. Среќно омажена со Даниел веќе 8 години. Таа дознава дека се продава многу евтин стан во градот и го ангажира агентот за недвижнини Оскар за да го разгледаат станот. Се е апсолутно е совршено, но Сара нема да може да се всели додека не почине сегашната, постара сопственичка Лола. Заинтригирана, Сара го посетува станот, и ја затекнува Лола како пуши (не само обични цигари), пие, а дознава и дека преживеала троен бајпас. Лола по природата е личност со страст за живот и забава, спротивно на конзервативниот став на Сара. И покрај нејзината желба да се всели во станот, Сара не може да не се грижи и за Лола која ја полудува со нејзината животна филозофија и нејзините познати цитати. Работите драстично се менуваат кога Сара открива дека Даниел е неверен со колешката Елена. Сара оди директно кај Лола за пријателски совет, а Лола го споделува своето минато со нејзиниот сопруг Виктор. Обидувајќи се да ја возврати услугата, Сара го наоѓа Виктор во обид да ги поправи нештата, за потоа да се запраша дали може да му прости на Даниел. Кога ќе се сретнат, Даниел и кажува дека Елена е бремена и дека сака да се разведе за да биде со Елена и нивното дете. Очајна Сара ѝ се јавува на Лола и открива дека има полоши работи од тоа што нејзиниот сопруг ја оставил за друга жена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АРКАНЗАС – петок, 03 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕСНА ЗА МАРИОН – петок, 03 мај 2024 19:20

Дејан Дејан

СУПЕР МОРСКО ПРАСЕ – петок, 03 мај 2024 – 10:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе