Вести Македонија Најважни

Од денеска во маркетите певтини леб, јогурт, јајца, млеко, овошје, зелечнук – ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“

Неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август.

Овие производи задолжително треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува„Гарантирана цена“.

Министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист дека и други производители и увозници кои не се дел од мерката, самоиницијативно ќе ги намалат цените. Од овие производи во маркетите треба да има околу 70 отсто од количните кои биле во месец август. Бектеши очекува дека производителите и трговците ќе бидат координирани, затоа што оној кој нема да ги почитува мерките ќе биде затворен. Акциите на приоизводите треба да бидат со пониски цени од замрзнатите, а ако на овој начин се продаваат оние чиј рок наскоро истекува ,тогаш тоа треба да биде јасно наведено. Бектеши очекува ваквите мерки до крајот на годинава да влијаат инфлацијата во земјава да падне на проектираните 4 до 5 отсто. Изминативе месеци цените нагло пораснаа. За синдикатите, тие се задоцнати и сметаат  дека требало да се воведат веднаш кога завршиле претходните мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе