Вести Економија Топ вести

Сопственикот на Мериот должи околу 2 милиони евра данок, објави УЈП

Фирмите поврзани со Мијалков должат за данок над 4 милиони евра, а две од нив се топ 10 должници на УЈП на листата која е објавена на веб сајтот на даночната Управа. На оваа листа се наоѓа и една фирма со историска поврзаност со семејството Заеви.

Фирмата Дивелоп груп должи над 123 милиони денари за данок и е на 4-то место по долгот… Во сопственичката структура на Дивелоп се синовите на Сашо Мијалков преку фирмата Бест веj.

На 6-то место е сопственикот на котелот Мериот, Хотел Гранд М, која должи над 120 милиони денари за даноk.  Меѓу нив, со сличен долг од над 2 милиони евра е и кумановската компанија Абира плус која до 2018-та била во сопственост на Трајче Заев, братучедот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Најголем должник е неактивната СГСМ Оил-Гас со чешки сопственици, а долгот кон УЈП изнесува над 218 милиони денари односно околу 3,6 милиони евра… На второ место на листата со должници е комуналното претпријатие од Гостивар…Вкупниот долг за данок и од фирми и од поединци изнесува околу 133 милиони евра, според објавените податоци на УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе