Вести Економија Топ вести

Никој не ги консултирал – бизнисмените тврдат дека од медиумите дознале за новиот владин пакет на антикризни мерки

Од бизнис секорот тврдат дека за новиот пакет на антикризни мерки дознале од медиумите. Од Владата постојано велат дека се во координација со стопанството. Но, изјавите од коморите не го потврдуваат тоа.

-Јас лично од медиумите слушнав за пакетот мерки, вели Јадранка Аризанкова од СКМ.

И од Сојузот на стопански комори за Телма велат дека и тие за пакетот слушнале во медиумите. Не се информирани што точно ќе биде донесено, ниту пак некој од Владата ги побарал. Сметаат дека би било добро, да го слушнат и нивното мислење.

Ги прашавме и во Владата, зошто и од кои причини не е консултирана бизнис заедницата, но одговор до сега од таму нема.

И додека македонските власти работат на пакетот мерки, граѓаните секојдневно се борат со поскапувањето. Иако, дел од владините претставници информираа во јавноста дека трговците се тие кои ги притискаат производителите да ги покачат цените, до сега реакција нема. Според информации на Телма, вицепремиерот Битиќи утре ќе има средба со првиот човек на Комисијата за заштита на конкуренцијата, до која пред неколку дена соопшти дека ќе достави и претставка за да можат да проверат кај кого е вината за зголемените цени.

Од Организацијата на потрошувачи, пак, неколку пати побараа наместо ограничени маржи, да има замрзнати цени. Но, бизнисот е против носење на било која од овие две мерки. Сметаат дека има други начини да се делува.

Министерот Бесими најави дополнителни 74 милиони евра во буџетот за деветтиот пакет на антикризни мерки. Што точно ќе содржи, сè уште не се соопштува. Освен што постојано се потенцира дека ќе бидат поддржани најранливите категории. Во Србија, пак, веќе од среда граѓаните ќе можат да купуваат 20 производи по пониски цени.

Во текот на летото, цените значително се зголемија. Најголемо поскапување беше забележано кај овошјето и зеленчукот. Според, последните податоци на ССМ, на едно четиричлено семејство за да го помине месецот потребни му се приближно 50 илјади денари. Најголем дел од парите околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе