Филмови

ДО ДНОТО – сабота, 09 септември 2023 – 23:40

„Submergence“ е љубовна приказна која не води во екстремно различните светови на нашите двајца протагонисти, Даниела Флиндерс (Алиша Викандер) и Џејмс Мор (Џејмс Мекавој). Случајно се среќаваат во оддалечен хотел во Нормандија каде и двајцата се подготвуваат за опасна мисија. Тие се заљубуваат речиси против своја волја, но набргу еден во друг ја препознаваат љубовта на својот живот. Кога треба да се разделат, дознаваме дека Џејмс работи за британската тајна служба. Тој е вклучен во мисија во Сомалија да пронајде извор на бомбаши самоубијци кои се инфилтрирале во Европа. Даниела ‘Дани’ Флиндерс е био-математичарка кој работи на проект за нуркање во длабоко море за да ја поддржи нејзината теорија за потеклото на животот на нашата планета. Наскоро, тие се во сосема различни светови. Џејмс е грабнат како заложник од џихадистичките борци и нема начин да стапи во контакт со Дени, а таа мора да се спушти до дното на океанот со својата подморница, не знаејќи ни дали Џејмс е сè уште жив.

Љубовна приказна во режија на многукратно наградуваниот Вим Венедерс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе