Борба против Лажни вести

Папата Франциск за лажните вести-Прв грев во новинарството

Папата Франциск ги осуди „дезинформациите“ и лажните вести, кои, во обид да се влијае на јавното мислење, според него, претставуваат „прв грев на новинарството“.

„Дезинформациите се првиот од гревовите, од грешките, ајде да го наречеме тоа така – на новинарството“, рече папата за време на аудиенција во Ватикан во рамки на доделувањето на новинарските награди на кои присуствуваа италијански новинари.

„Дезинформацијата е еден од гревовите на новинарството, а има четири: дезинформација – кога новинарот не информира или дезинформира; клевета, која понекогаш се користи; ширење гласини, кое е различно од клеветата, но сепак уништува; и четврти е склоност кон скандали“, рече Светиот Отец.

Посочи дека е загрижен, на пример, за манипулациите со кои се служат тие кои шират лажни вести настојувајќи така да влијаат врз јавното мислење. Тој повика на „зголемена одговорност“ во „драматичната ситуација низ која поминува Европа, со оглед на продолжувањето на војната во Украина“.

„Се надевам дека ќе се овозможи и ќе му се даде простор на гласот на мирот и на тие кои се ангажирани за ставање крај на скандализирањето на овој конфликт, како и на многу други, ќе им се овозможи и ќе им се даде простор“, рече папата.

Папата Франциско предупреди и на опасноста од зголеменета употреба на дигиталните алатки во секојдневниот живот кои носат „редуцирање на меѓусебните односи на луѓето“ водени само од алгоритми и ги повика законодавците да бидат внимателни против „дигиталната пропаганда и поделбите кои ги носат социјалните мрежи.“

Ова не е првпат Папата и Ватикан да ги осудуваат лажните вести како опасности и со црковен речник да ги наречат гревови. Често и Папата е жртва на лажни вести за него.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во војна кој нарачува лажни анктети, а кој лажни документи

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на пропагандата од груевизмот, опозицијата најави тужба за клевета за лажни вести со фалц документи презентирани од владеачката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе