Uncategorized Вести

ЗК Пелагонија и ЈП Стрежево во „отворена војна“ – едните бараат долгот да се исплаќа на рати, другите вината ја гледаат во недомаќинското работење

Судските лавиринти оставија во неизвесност над 100.000 битолчани, дали ќе имаат вода за пиење, хигиена и вода за наводнување на посевите и дали 250 вработени во Стрежево ќе останат без плата. Ова следува откако Земјоделскиот Комбинат Пелагонија реши да ги тужи ЈП Хидросистем Стрежево за претрпена штета, односно за неисплатен дел од каматата. Директорот на Стрежево бара долгот да се исплаќа на рати, од ЗК Пелагонија вината ја гледаат во раководството на ЈП.

„Јас му доставив динамика заедно со раководството, динамика на исплата на долгот на каматата но за жал не наидов на разбирање да направиме компензација односно да направиме договор за исплата на каматата тие ги бараа целосно остатокот од каматата. Доколку ги исплатиме сите пари тогаш ќе дојдеме во ситуација претпријатието да биде во неможност да ја исплаќа платата и во неможност да ги обавува своите работи со тоа што ќе ни биде тешко да обезбедиме и електрична енергија и гориво за возилата и сите други услови. “, вели Методија Граматковски директор на ЈП „Стрежево“- Битола.

„Најголемиот производител на храна во нашата држава, ЗК Пелагонија АД Битола над 7 години трпи сериозни штети од недомаќинското работење на ЈП Стрежево. Над седум години раководството на ЈП Стрежево не ги почитува ниту една од постигнатите спогодби за взаемна соработка на рамнопправни односи. Дотолку повеќе што во 2019 година при постигната спогодба токму ЈП Стрежево ја блокира безпредметно сметката на ЗК Пелагонија и тоа во период на есенска сеидба која е од клучен интерес за финансиската состојба на комбинатот“, велат од ЗК Пелагонија.

Конфликотот на ЗК Пелагонија и ЈП Стрежево е уште од 2015 година кога се појави свлечиштето кај село Драгарино и го оштети главниот доводен канал за вода и цевководот на „Стрежево“ од кој со вода се снабдуваат РЕК „Битола“, индустриската зона и земјоделските површини. Неколку месеци подоцна свлечиштето направи голем проблем на водоснабдувањето, а Битола се соочи со рестрикции за вода. Три години подоцна свлечиштето беше санирано.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе