Uncategorized Вести Свет

Осумстотини километри од Москва се произведуваат дронови за масовни напади – откриена строго чувана руска тајна

Русија гради илјадници јуришни дронови во голема тајна воена база, откриваат најновите извештаи кои излегоа во јавност. Според објавените документи, се работи на производство на 6.000 унапредени беспилотни летала до 2025 година во фавриката Алабуга во Татарстан која се наоѓа на 800 километри источно од Москва. Иако производството доцни, сепак, стручњаците веруваат дека ќе има добра динамика на работите, со цел стотина дронови од типот „Шахед“ да бидат насочени кон мети во Украина во исто време, а не по десетина колку што се користат сега во нападите.

Документите укажуваат дека на дел од вработените им се одземени пасошите за да не можат да ја напуштат земјата. Но, и дека се користат кодни имиња за проектот. Па, така дроновите се чамци, експлозивите се браници, додека Иран повремено е „Ирска“ или „Белорусија“. Програмата била строго чувана тајна и покрај фактот дека се реализирала на огромен простор со величина на 14 фудбалски игралишта што треба да се проширува и во иднина.

Проектот има три дела. Според објавените документи, почнал оваа година под кодно име „Проектен брод“, кога тим од Алабуга ги обновувала размонтираните ирански дронови. Моментно се влезени во втора фаза и самите ја произведуваат каросеријата во која вградуваат ирански електронски компоненти. За почетокот на 2024 година е планирано да се започне со производство на дронови со користење на руски компоненти и материјали.

Инжинерите од Алабуга ги унапредиле увезените дронови, правејќи ги водоотпорни, заменувајќи ги несигурните кинески делови. Тие планираат да произведат модели по повисоки стандарди од оригиналните „Шахеди“.

Беспилотните летала од типот „Шахед“ се ирански и се произведуваат од 2022 година. Можат да развијат брзина до 185 километри на час, имаат домет од 2.500 километри и секое парче чини 20.000 евра.

Поранешниот инспектор на Обединетите Нации за оружје, Дејвид Олбрајт верува дека Русија би можела да мине од повремено лансирање на увезени ирански дронови на редовни напади со стотина парчиња.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе