Вести Забава Магазин

Издржаа 14 месеци во брад – Бритни Спирс се разведува со Сем Ашгари

Бракот на Бритни Спирс и Сем Ашгари траеше 14 месеци и двојката се разведе, објави магазинот „Пипл“. Бритни и Сем се запознаа во 2016 година за време на снимањето на песната „Slumber Party“ и се венчаа во јуни лани во присуство на 60 гости, меѓу кои Мадона, Дру Баримор, Селена Гомез и Парис Хилтон.

Гласиштата за проблеми во бракот на двојката почнаа да кружат во март оваа година. Луѓе блиски на Ашгари ги демантираа таквите наводи, иако и тој и Бритни се фотографираа на различно локации, сами и без венчални прстени.

Бритни Спирс зад себе има два брака. Со Џејсон Александар беше во брак само 55 часа во 2004 година, од 2004 до 2007 година беше во брак со танчерот Кевин Федерлајн со кого има и два сина – Шон и Џејден за кои старалелството му припадна на таткото.

Магазинот ТМЗ во јуни во 2022 година објави дека Бритни и Сем потпишале предбрачен договор кој подразбира дека Ашгари нема да добие ништо од парите пред бракот во случај на развод. Според „Форбс“, богатството на Бритни Спирс се проценува на 60 милиони долари додека на Ашгари на еден милион.

Засега нема коментар од двојката за пишувањата за развод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе