Uncategorized Вести Македонија

Исплата на јулската плата или нови протести – вработените во ЈСП Скопје утре ќе бараат прием кај Арсовска

Синдикатот на ЈСП Скопје утре во 8 часот ќе бара прием кај градоначалничката Данела Арсовска поради ново доцнење на платите.

Од синдикатот се заканија дека доколку утре не биде исплатена јулската плата, за петок најавуваат нови протести.

Ова не е првпат да им доцнат платите на вработените во ЈСП Скопје, а синдикатот алармираше и преку протести навремено да им бидат исплатени платите.

Минатата година во октомври, за првпат во историјата на ЈСП Скопје, излегоа на протест пред владата, а скопјани неколку денови останаа без јавен градски превоз.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе