Филмови

СТРЕЛЕЦОТ – недела, 13 август 2023 – 22:15

Џим Териер (Шон Пен) е поранешен припадник на специјалните сили, а денес, во своите одминати години, станува платеник. Како дел од тимот платен од корпорација, Териер е во Конго и работи како оперативец на тајни проекти. Во меѓувреме, Териер се вљубува во Ени, докторка во локалната болница. Иако земјата е распарчена од граѓанска војна, мултинационалните компании не се согласуваат со експлоатација на рударската индустрија. Министерот е подготвен да ги прогласи за неважечки договорите на рударските компании и да започне нови преговори, па мултикорпорациите го ангажираат Териер и неговиот тим да го ликвидираат министерот. Териер брзо и ефикасно ја завршува задачата и бега од земјата. Ја остава Ени без објаснување, бидејќи низ целата земја избива граѓанската војна како резултат на неговите постапки

Осум години подоцна, Териер се враќа во Конго за да помогне на локалното население во  копањето бунари за една невладина организација. Тројца насилници ќе се обидат да го убијат и да донесат доказ за неговата смрт. Териер претпоставува дека неговото долго закопано минато се вратило за да го прогонува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АВА – недела, 28 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

МОЈОТ ЖИВОТ БЕЗ МЕНЕ – сабота, 27 април 2024 – 22:15

Дејан Дејан

СЛУЧАЈНИ ЉУБОВНИЦИ – сабота, 27 април 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе