Вести Култура Топ вести

(видео)Џон Малкович не се откажува од изградба на филмски студија на Балканот

По  изведбата на претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ во рамките на Охридско лето американскиот актер Џон Малкович денес е во Скопје, каде во негова чест е организирана бизнис- уметничка вечера, откако тој лани најави изградба на филмски студија во Mакедонија. Малкович уште еднаш го кажа својот став во врска со реализацијата на долгонајавуваниот проект „Скопје технолошки парк“ и преку него „Стоунбриџ студиос“. Владата уште пред речиси година дена кажа дека ќе го разгледа овој проект.

  • Ќе ги отвориме вратите за нови можности, привлекувајќи нови странски инвестиции на Балканот – од Запад и пошироко. Овој проект не само што ќе ја поттикне економијата, туку и ќе го насочи меѓународното внимание на извонредниот талент што се наоѓа во оваа земја. Сите ја споделуваме визијата за поставување на Северна Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, покажувајќи ја нејзината убавина, талент и потенцијал. Овој напорен проект е доказ за вербата во истрајноста – и дека со работа рака под рака… заедно ќе создадеме нова економска иднина за регионот, рече Џон Малкович.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе