Околу 200 компании од земјава ќе бидат опфатени со солидарниот данок, доколку биде усвоен Законот за данок на солидарност, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка.
Ова го кажа директорката на УЈП, Лукаревска, врз основа на направените анализи.
Од овие компании, согласно доставените даночни биланси, до крајот на годината се очекува да бидат собрани околу 76 до 77 милиони евра.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
