Вести Економија Топ вести

Еднаш директор, како цел живот директор – земал отпремнина од МЕПСО, заминал, па повторно го назначиле

Бил директор, го разрешиле, добил отпремина и сега пак директорува во преносниот систем. Извори за Телма велат дека Томи Божиновски бил директор на ИТ секторот во МЕПСО. Го разрешиле и му била исплатена отпремнина. Но, бил објавен и конкурс со кој тој се вработува на друга позиција во МЕПСО. Според информациите во меѓувреме, тој работи во „Марнет“. Но, извори за Телма велат дека Божиновски од вчера повторно се враќа во фотелјата- директор на ИТ сектор во МЕПСО.

Зошто и кој го вратил Божиновски да биде директор на тоа место, со оглед на тоа што претходно добил отпремнина, од МЕПСО велат дека според законот за трговски друштва именување и разрешување на членови на Управен одбор е во надлежност на надзорниот одбор. Колку изнесувала отпремнината, конкретно од компанијата не одговорија. Потенцираа дека сумата која се дава во случај на раскинување на менаџерски договор пред истекот на важење е дефиниран со договорот за уредување на односите меѓу друштвото и член на Управниот обор. Дали на Божиновски му било замрзнато работното место во МЕПСО додека бил во „Марнет“, од МЕПСО велат – согласно законот на работникот кој е избран или именуван на државна или јавна фунцкија, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот му мирува работниот однос се до завршување на јавната функција.

Но, колку е во ред лице кое добило отпремнина по разрешување од директорско место, потоа да се врати на истата позиција, познавачите децидни- функционирањето на акционерските друштва во државна сопственост мора да се промени. Велат тие вршат јавни услуги, а ги уживаат придобивките кои ги имаат приватните фирми.

По осамостојувањето, во земјава фунцкионираат 14 акционерски друштва кои се во државна сопственот.

Пред извесно време и државниот ревизор констатираа дека раководителите во компанијата, директори и членови на Управни и надзорни одбори имале менаџерски договори за да земаат отпремнини во висина од 12 месечни плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Според тогашниот извештај, двајца членови на Управни одбори ја тужеле МЕПСО во 2021 година и добиле како отштета над 37.000 евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе