Uncategorized Вести Економија Македонија

Синдикатот и УЈП се договорија, останува финансии да застане на иста линија

Дали вработените во УЈП ќе стапат во генерален штрајк ќе се знае до крајот на неделава. Процесот на помирување е речиси завршен, заклучоците се изготвени и срочени во спогодба а за нив дале согласност и Синдикатот и раководството на УЈП  и останува да се потпише нов Колективен договор според кој вработените ќе ги добијат бараните 30 отсто повисоки плати.

„Завршија активностите со помирувачот. Изготвени се препораки и заклучоци, изготвена е спогодба и од негова страна ни е побарано неколку дена да видиме што е со реализација и потоа ќе објавиме на прес се. Спогодбата содржи одредби врз основа на заклучоците, препораките дека треба да се потпише нов колективен договор, изјави Васе Недановски, претседател синдикат „Солидарност“

Помирувачкот побарал рок од неколку дена за да може да добие согласност за примена на Колективниот договор која треба да ја даде министерството за финансии.

„Помирувачот сака да го опфати делот со согласноста“, појасни Васе Недановски, претседател синдикат „Солидарност“.

Доколку финансии не даде согласност за примена на новиот колетивен договор за кој веќе се на иста линија и Синдикатот и УЈП, ќе следува генерален штрајк кој може да го парализира финансискиот систем во државата.

„Вработените во УЈП се со јасна определба, доколку го остварат правото, нема да има, доколку не се оствари правото, истиот ќе се одржи“, Васе Недановски, претседател синдикат „Солидарност“.

Во меѓувреме двочасовниот протест на вработените кој почна на 15ти  минатиот месец продолжува.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе