Спорт Фудбал

Комплетиран најголемиот трансфер помеѓу англиски клубови: Рајс во Арсенал за 105 милиони фунти

Деклан Рајс го сруши трансфер рекордот помеѓу два премиерлигашки клубови откако денеска го комплетираше преминот од Вест Хем во Арсенал за 105 милиони фунти. Најскапиот трансфер во Премиерлигата е Енцо Фернандез од Бенфика во Челси од 106,8 милиони фунти направен минатиот јануари.

Претхдниот англиски рекорд го држеше Џек Грелиш, кој премина од Астон Вила во Манчестер сити за 100 милиони фунти.

Рајс целата своја кариера ја мина во редовите на Вест Хем, односно беше дел од клубот цели десет години. Лани како капитен на „чеканите“ го крена пехарот во Конференциската лига на УЕФА.

Тој е третото големо засилување за Арсенал ова лето по Каи Хаверц, кој дојде од Челси за 70 милиони евра и Јуриен Тимбер од Ајакс за 40 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе