Вести Економија Македонија Топ вести

Гумени бонбони, путер од кикирики и тропското овошје во иста група со тартуфи и месо од ирваси со зголемен данок

Кокосово масло, брашно од соја, путер од кикирики, сушени риби, гумени бомбони, слатки, тропско овошје. Министерот за финанси Бесими исчита дел од листата на производи кои во следниот период ќе се даночат со двојно повиоско ДДВ. Наместо со 5 ќе бидат со 10 отсто. Измените во законот за ДДВ се дел од новата даночна реформа

-Месо од ирвас, тартуфи печурки, сирење со мувла кои ги има на пазарот, но досега тие ќе бидат пак со повластена тарифа нема да бидат со 18 туку со  10 %. Гледавме дека овие производи и во регионот и во Европа немаат повластена тарифа, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.

Фирмите пак кои лани направиле над 10 милиони евра приход, солидарниот данок кои  изнесува 30 отсто ќе треба да го платат до крајот на годинава. Бизнисот остро реагираше на ова и бараше  постапката за солидарниот данок да биде прекината. Сепак, Владата   одлучи да го воведе.

-До 25 септември да достават и имаат рок од 30 дена да го уплатат данокот. И тој закон како и други за други закони беа предмет на дискусија и неклку јавни расправи еба оргнизирани. И важно е дека ова е еднократно решение кое го има во вонредни услови и кое никогаш нема  повеќе да биде во нашето законодавство ако економските услови тоа го дозволуваат, изјави министерот Бесими.

Бизнисот пак предупреди дека солидарниот данок ќе нанесе штета  и на домашните и на странките компании. Ќе се оптоварат повторно оние кои редовно ги плаќаат давачките кон државата, а оние кои не плаќаат и натаму нема да го правата тоа. Затоа бараат итно да се најде механизам и конечно да се реши работата на црно.

Со измените во законот за ДДВ со повисока стапка ќе се даночат и пелетите, печките и котлите  на пелети, за кои државата до лани делеше субвенции. Наместо со 5 ќе бидат со 18 отсто. Бесими тврди тоа се прави за заштита на животната средина. Субвенциите биле краткорочно решение за да се остранат други работи кои повеќе загадувале.

Солидарниот данок и измените во законот  за ДДВ и за добивка се чека да бидат пратени во собранието, каде ќе се  разгледуваат со европско знаменце и ќе поминат по скратена постапка.

Со новата даночна реформа државата планира да собере околу 140 милиони евра, од кои 70 милиони би биле само од солидарниот данок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе