Спорт Фудбал

ФИФА со компензација од 209 милиони долари за клубовите

Светската фудбалска федерација соопшти дека ќе исплати сума од 209 милиони долари на име на компензација за клубовите кои имаа свои играчи на последниот Мундијал во Катар.

На листата се 440 клуба од 51 земја, а според правилникот ФИФА исплаќа по 10.950 долари за секој ден минат на шампионатот за сите 837 фудбалери.

Најголем дел од сумата ќе ја добијат 46 клуба од Англија или тие ќе инкасираат 37,7 милиони долари, а потоа следуваат екипи од Шпанија, Германија, Италија и Франција.

Од клубовите поединечно најмногу ќе заработи Манчестер Сити или 4,59 милиони долари, а нешто помалку 4,53 ќе добие Барселона додека Баерн за своите фудбалери на Светското првенство ќе инкасира 4,33 милиони долари.

ФИФА соопшти дека сумата за Светскиот куп во Катар е поголема за две илјади долари по ден во однос на шампионатот во Русија, а за следните првенства во 2026 и 2030 година вкупната бројка драстично ќе се зголеми и клубовите ќе поделат 355 милиони долари.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе