Вести Економија Топ вести

Продолжуваат протестите на УЈП – не се откажуваат од додатоците на плата

Договор меѓу Владата и синдикатите за повисоки плати и регрес во јавниот сектор не ги решава проблемите во УЈП и Царина. Вработените во овие институции не отстапуваат, додатокот на плата од 30 проценти бараат да им биде исплатен, затоа што им следува според закон.

Од УЈП велат дека  продолжуваат со двочасовните протести, а тече и постапката за генерален штрајк. Го поздравуваат вчерашниот договор на економско-социјалниот совет, но велат дека нивното барање не било дел од овие разговори.

На почетокот на идната недела ќе се знае точно дали ќе се најде решение или пак вработените од УЈП ќе стапат во генерален штрај, што ќе значи колапс на целата држава.

И  вработените во Царината  продолжуваат да преговараат за додадокот на плата од 30 проценти кои им следува по закон, а кој како што велат, никогаш не го добиле.

Вработените во овие две институции претходно излегоа и на улица со предупредувачки протести. Вчера Владата и синдикатите пак се договорија, платите во јавниот сектор да пораснат за 10 отсто, а да добијат и регрес за годишен одмор, до крајот на годинава 10 илјади денари а од следната да биде 30 отсто од просечната нето плата. За да може ова да се реализра ќе се прави ребаланс во септември. Експетите пак предупредуваат да се внимава од кои ставки ќе се крати за да се реалзира договореното.

Претходно незадоволни од платите на улица излегоа вработените во Царина, УЈП, судската администрација, кутлура и образование. Револтот стана поголем кога Уставен одлучи да се зголемат функционерските плати за речиси 80 отсто.

Ирена Чачкова

Вработените во УЈП продолжуваат со двочасовниот протест – нивните барања не биле дел од разговорите меѓу синдикатите и Владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе