Осум арбитражни постапки каде е тужена државата се воделе пред меѓународните институции во перидот од 2017 година па досега а во нив шетата која се барала да биде наплатена изнесува 1,4 милијарди евра.
Во три случаи постапки државата излегле како победник, но пет постапки сеуште се водат и повеќе од изгледно е дека најмалку во две ќе мора да се плати штетата.Станува збор за процесот каде италијанската компанија која беше избрана да го гради клиничкиот ценатр „Мајка Тереза“ но договорот беше раскинат и штетата коа ја побарува е 18 милиони долари и процесот каде „Хеленик петролеум“ доби оштета од 21 милион евра.
Од Владата информираат дека при арбитражните постапки се бираат адвокатки канцеларии кои се во топ 30 на глобалната ранг листа за овој тип на спорови а Државниот завод за ревизија побара утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки и утврдување и иницирање на одговорност.
