Спорт Фудбал

Интер го менува Онана со голман на Баерн Минхен

Интер и Манчестер јунајтед се во напредни преговори околу трансферот на голманот Андре Онана на „Олд Трафорд“. Давид де Хеа официјално вчера го напушти англискиот тим откако му истече договорот, па сега „ѓаволите“ со сите сили тргнаа по Онана.

Миланскиот тим пак од друга страна веќе преговара со Баерн Минхен за голманот Јан Зомер. Швајцарецот дојде во Минхен во јануарскиот преоден рок како замена за повредениот Мануел Нојер. Германецот ќе се врати на голот на Баварците следната сезона, па Зомер би бил резерва.

Интер ќе понуди шест милиони евра обештетување за да го доведе Зомер на голот на „Џузепе Меаца“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе