Спорт Фудбал

Челзи се уште нема генерален спонзор

Новите сопственици на Челзи очигледно дека се уште имаат проблеми да се прилагодат водењето на една врвна фудбалска екипа.

Откако во последните два преодни рока се потрошија 600 милиони евра за непланско купување на играчи по што на крајот беше освоено дури 11-тото место во Премиер лигата, а потоа следуваше вистински егзодус на играчи, сега челниците на Челзи се соочуваат со нов проблем, а тоа е обезбедување на генерален спонзор.

Откако Тод Боели ја отфрли понудата на компанијата за игри на среќа Stake и пропаѓањето на договорот со Парамаунт +, фудбалерите на промоцијата што ќе се одржи в понеделник на дресовите нема имаат ниту една реклама.

Боели цврсто веруваше дека ќе потпише богат договор со Парамаунт +, но следуваше реакција од Премиер лигата која го стопираше реализирањето бидејќи постоеше конфликт на интереси поради сопствениците на телевизиските права.

Сепак челниците на клубот веруваат дека до почетокот на сезоната ќе успеат да потпишат договор со една од неколкуте заинтересирани компании кои сакаат да го имаат статусот на генерални спонзори на Челзи, кој оваа година ќе настапува само во домашните натпреварувања.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе