Кошарка Спорт

Половина милион долари награда за триумф на НБА купот

Новата сезона во НБА лигата ќе го одбележи и новото натпреварување кое се воведува во текот на првиот дел од сезоната, а според најавите тоа треба да донесе поголеми возбудувања во овој период за кој се смета дека привлекува најмалку внимание кај навивачите.

Како најголем мотив за кошаркарите да се обидат да стигнат до триумф е наградата од 500.000 долари која ќе ја добие секој од играчите во победничката екипа.

Новото натпреварување ќе се игра во првите шест недели од сезоната, а во него ќе партиципираат сите екипи кои ќе бидат поделени во шест групи по пет без разлика од која дивизија, но од иста конференција.

Мечевите што ќе се играат во ова натпреварување ќе се важат и за скорот во основниот дел од сезоната со што се очекува мечевите да бидат далеку поинтересни и попривлечни за гледачите.

Секоја екипа во својата група ќе одигра барем по два натпревари со противниците и тоа дома и на гости.

Победниците од секоја група обезбедуваат директен пласман на завршниот турнир кој оваа година ќе се одигра од седми до деветти декември во Лас Вегас, а осумте учесници ќе се обезбедат откако на два тима ќе им се додели посебна покана за учество.

Поради воведувањето на ова натпреварување дојде и до одредени измени во распоредот, но секој од тимовите повторно ќе има 82 натпревари, а оние кои нема да се пласираат на завршниот турнир за да стигнат до бројката од 82 ќе одиграат дополнителни две средби.

Единствени кои во текот на основниот дел од сезоната ќе имаат 83 натпревари се финалистите на завршниот турнир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе