Спорт Фудбал

Мегваер нема причина да си замине од Јунајтед

Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од најскапо платениот дефанзивец во клупската историја, а покрај лошата форма клубот од Олд Трафорд има дополнителна причина предвреме да ја раскине соработката.
Според договорот во текот на следната сезона Манчестер Јунајтед треба да му ја зголеми платата на англискиот репрезентативец, клаузула која автоматски се активира со пласманот на екипата во Лигата на шампионите.
Ако овој податок е причина повеќе тој летово да ја смени средината, тоа е дополнителен мотив за Мегваер да остане на Олд Трафорд бидејќи ако замине во друг клуб оваа клаузула нема да се активира.
Медиумите шпекулираат дека за Мегваер интерес покажуваат Њукасл, Вест Хем и Тотенхем, но најголем проблем околу реализацијата на трансферот е обештетувањето од 40 милиони фунти кое се бара за играч кој веќе го загуби првотимскиот статус кај менаџерот Ерик Тен Хаг.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе