Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер ќе настапи на турнирот во Добој

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер во подготвителниот дел од сезоната ќе биде дел од традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Добој.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 14 до 18 август, а првакот на Македонија ќе биде дел од А групата во која ќе партиципираат уште домаќинот Слога, Монпелје и Ал Ахли од Египет.

Во Б конкуренцијата ќе настапат Барселона, Загреб, Целје и Војводина.

Во првото коло Битолчани за противник го имаат Ал Ахли, а последен пат дел од овој турнир Еурофарм Пелистер настапи пред три години кога во финалето беше поразен на пенали од Шартр.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе