Uncategorized

Од денеска се одмрзнуваат маржите за лебот, млекото, јајцата. Ќе има ли нов ценовен шок?

Со одмрзнување на трговската маржа граѓаните од утре очекуваат ценовен шок. Велат, веќе се забележува покачување на цените во изминатите денови, а со укинување на владината антикризна мерка, на трговците им се оставаат одврзани раце. Уверени се дека драстично ќе поскапат основните прехранбени производи.

Малкумина веруваат дека ќе продолжи дивеењето на цените поради одмрзнување на маржите, и сметаат дека трговците веќе ја научили лекцијата, затоа што куповната моќ на граѓаните е целосно урнисана.

Мислам дека попаметно ќе работат. Сами ќе увидат дека ако ја кренат  цената нема да купам, ќе земам две-три работи, нема да  можам да земам повеќе, вели граѓанин.

Од Министерството за економија за Телма велат дека со стабилизирање на цените на суровините од увоз и на електричната енергија веќе се чувствува и стабилизирање на домашните цени, кои  сметаат дека сега треба да се утврдуваат по пазарни услови. Долгорочната државна контрола во услови кога не постои раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект, велат  од економија.

Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени воглавно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, се наведува во соопштението од Министерство за економија. 

Од Организацијата на потрошувачи очекуваат дека трговците ќе сакаат го надоместат она што го изгубиле со замрзнатите маржи, па велат дека залудно е да се надеваме дека цените ќе останат на исто ниво, или дека ќе се намалат. Постои можност трговците да се договараат меѓу себе и да ги диктираат цените, поради што од ОПМ апелираат надлежните будно да ја следат состојбата и доколку се забележи скок на цените на основните прехранбени производи Владата да преземе одредени мерки кои треба да дадат резултат на подолг рок.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе