Спорт Фудбал

Арсенал испрати нова понуда за Деклан Рајс од фантастични 105 милиони фунти

Арсенал не се откажува од намерата да го ангажира Деклан Рајс па на Вест Хем му понуди 105 милиони фунти обештетување за фудбалерот.

Претходните две понуди, „чеканите“ експресно ги одбија, а исто така одбија и понуда од Манчестер сити од 90 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред.

Рајс секако е подготвен да си замине од таборот на Вест Хем, но клубот се обидува да извлече што е можно повеќе пари.

Ако ја прифати понудата од 105 милиони фунти, тогаш Рајс ќе стане најскапиот  англиски фудбалер и ќе го надмине трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер сити од 100 милиони.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе