Спорт Фудбал

Арсенал не се откажува од Деклан Рајс: Подготвува нова понуда во висина од 100 милиони фунти

Вест Хем веќе одби две понуди од Арсенал за својот капитен Деклан Рајс, а последната беше во висина од 75 милиони фунти, плус 15 милиони во бонуси.

Менаџерот на „топчиите“ го смета Рајс како клучно засилување за да може следната сезона повторно да води битка со Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.

Новата понуда на Арсенал би требало да биде околу 80 милиони фунти обештетување и 20 милиони во бонуси. Понуда за Рајс се очекува да пристигне и од Манчестер сити, па можно е трансферот на англискиот репрезентативец да биде и преку 100 милиони фунти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе