Спорт Фудбал

Ристовски: Потребен ни е перфектен натпревар за победа

Ристовски: Потребен ни е перфектен натпревар за победа

Репрезентацијата на Украина е следниот предизвик за македонската селекција во квалификациите за Европското првенство. По стартната победа над Малта, составот на Благоја Милевски посакува нов триумф на домашен терен, но за нови три бода овој пат потребно е да се одигра на највисоко можно ниво.

“Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат”, истакна капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски.

Последен пат со Украинците се соочивме на Европското првенство во Букурешт, но овој дуел сигурно дека ќе биде поразличен од оној пред две години.

” Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч”, заврши Ристовски.

Натпреварот се игра утре на арената Тодор Проески, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе