Спорт Фудбал

Ристовски: Со тимска игра до нова победа

Македонската фудбалска репрезентација влегува во завршната фаза од подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство.

Прв противник в петок во Скопје ни е селекцијата на Украина со која пред две години се сретнавме во фазата по групи на Европскиот шампионат.

“Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот”, рече напаѓачот Милан Ристовски.

Младиот репрезентативец посакува по стартната победа над Малта да освоиме нови три бода и тоа против далеку поквалитетната селекција на Украина.

“Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат”, заврши Ристовски.

Натпреварот со Украина се игра в петок на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе