Спорт Фудбал

Емини: Да одиграме најдобро и со позитивен резултат да патуваме за Манчестер

Поранешниот член на репрезентацијата до 21 година, Сефер Емини за прв пат доби повик да биде дел од националниот тим кој влезе во завршните подготовки за претстојните квалификациски дуели со Украина и Англија.

“Чест е да се биде овде, се трудам да го дадам максимум на секој тренинг. Репрезентацијата е таква што секој треба да даде се од себе. Сите мораме да бидеме подготвени и да ја чекаме одлуката на селекторот. Пред се мора да се фокусираме на натпреварот против Украина, а дури потоа да размислуваме за Англија. Позитивен резултат на првиот меч ќе донесе повеќе верба и самодоверба пред патувањето во Манчестер. Целта е да се одигра најдобриот можен натпревар и да се победи, но фудбалот е непредвидлив. Ако не сте 200 проценти сконцентрирани, секој може да ви ги расипе плановите”, изјави Емини.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе