Спорт Фудбал

Луис Енрике пред промоција во Пари Сен Жермен

Кристоф Галтие на вчерашниот дуел против Клермон за последен пат ја водеше екипата на Пари Сен Жермен, а во следните неколку недели по официјализирањето на смената на актуелниот тренер треба да следува и промоцијата на новиот шеф на стручниот штаб.

Иако како главен кандидат за нов предводник на францускиот првак се споменуваше Жозе Мурињо, локалните медиуми најавуваат дека најголеми шанси за преземање на екипата има поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.

Како главна причина за поврзаноста на Мурињо и Пари Сен Жемен се сметаше големото пријателство со спортскиот директор Луис Кампос, првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи смета дека Португалецот не е најдоброто решение и се залага на чело на екипата да дојде токму Луис Енрике.

Неофицијално Шпанецот дал начелна согласност да се пресели во француската престолнина и се очекува веќе од утре да почнат преговорите за неговиот ангажман во Пари Сен Жермен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе