Спорт Фудбал

Мурињо е експерт за европски финалиња, а Севилја „доктор“ за Лига на Европа

По синоќешните реванш полуфинални натпревари познати се финалните парови во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА. Рома ќе се соочи со Севилја, додека Вест Хем за противник ја има Фиорентина.

Можете да го сакате стилот на игра на Жозе Мурињо или можете и да го мразите, но факт е дека португалскиот стратег секогаш носи успех. „Римската волчица“ синоќа со ултра дефанзивен фудбал на реваншот кај Баер Леверкузен успеа да извлече реми без голови и да стигне до финалето во Лигата на Европа благодарение на победата од 1-0 на домашен терен. Германците имаа посед на топката од 71 отстои 23 шутеви, наспроти само еден на Италијанците, но на крајот само головите се бројат, а „волчицата“ беше подобра за само еден.

Мурињо лани ја одведе Рома до трофејот во Конференциската лига, а сега во финалето во Лигата на Европа. Интересно е тоа што за специјалниот дуелот во Будимпешта на „Пушкаш арената“ на 31 мај тој ќе го игра шестото европско финале во кариерата. Интересно е тоа што Мурињо никогаш не загубил европско финале и има пет победи, односно со Порто освои УЕФА Куп и Лига на шампиони, со Интер исто така Лига на шампиони, а со Манчестер јунајтед, Лигата на Европа.

Ривал на Рома во големото финале ќе биде Севијла, т.н. специјалист за ова натпреварување. Шпанскиот тим го елиминираше Јувентус со победа од 2-1 во продолженијата, па ќе го брка седмиот трофеј во Лигата на Европа. Андалузијците ги освоија сите шест финалиња на кои играа во Лигата на Европа од 2006 година па наваму. Сето ова е уште еден предзнак за интересно финале.

Во Конференциската лига, во финалето ќе играат Вест Хем и Фиорентина, a ќе се соочат во Прага на 7 јуни. „Чеканите“ славеа со 1-0 на гостувањето кај АЗ Алкмар и со вкупни 3-1 одат во мечот за титулата. Мечот го засени голем инцидент, кога навивачите на холандскиот тим гневни од поразот тргнаа кон трибината на стадионот каде што седеа семејствата на играчите на Вест Хем. За среќа беше избегнат поголем скандал, бидејќи дел од англиските навивачи им се спротивставија на ултрасите, а тука беа и играчите на Вест Хем кои тргнаа во одбрана на своите семејства и најблиските.


Фиорентина погоди преку Антонин Барак во 10-тата минута од второто продолжение против Базел за водство од 1-3 и пласман во големото финале.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе