Кошарка Спорт

Мајами поведе против Бостон во финалето на Истокот

Кошаркарите на Мајами продолжуваат со извонредните настапи во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Во првиот натпревар од финалната серија во Источната конференција совладан е Бостон со 123:116.

Прва ѕвезда во победничкиот тим беше Џими Батлер кој мечот го заврши со 35 поени, седум асистенции, шест украдени топки и пет скока. Батлер игра во голема форма во разигрувањето и ова за него е петти натпревар од вкупно 11 на кој постигнува преку 30 поени.

Бам Адебајо додаде 20 поени и осум скока, а Кајл Лаури, Кејлеб Мартин, Макс Струс и Гејб Винсент беа стрелци на по 15 поени.

Во поразениот тим Џејсон Тејтум имаше учинок од 30 поени и седум скока, а Џејлен Браун впиша 22 поени, девет освоени топки под обрачите и пет асистенции.

Серијата останува во Бостон, а вториот натпревар ќе се одигра в петок навечер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе