Филмови

ДОНБАС (сабота, 13 мај 2023 – 22:50)

„Донбас“ е црна анти-воена комедија, а главната улога го има регионот на истокот на Украина кој што е во воена состојба од последната украинска револуција и руската вмешаност во целиот проблем со помош на сепаратистички сили во Донбас.

Украина го номинираше за Оскар, а на Канскиот фестивал ова остварување беше наградено со Un Certain Regard , награда за најдобар режисер за авторот Сегеј Лозница.

Филмот се состои од 13 епизоди за реалноста на окупираните територии на источна Украина. Сцените се меѓусебно поврзани по принципот на конструкција на заплетот во филмот „Духот на слободата“ на Бунуел, каде што нов лик се движи од една епизода во друга.

Приказните се реконструкција на вистински настани снимени во професионални извештаи, аматерски видеа на YouTube и сеќавања на локалното население. На пример, во една од сцените, германски новинар и украински снимател се среќаваат со руската војска, кои немаат ознаки и се преправаат дека се милиција од Доњецк.

Режисерот и сценарист на филмот Сергеј Лозница дозна за овој настан откако го изгледа  документарецот од Днепропетровск, снимен од Олександр Течински,-професионален фотограф кој настапува и глуми во филмот „Донбас“.

Инцидентот со напад од цивилното население врз заробен украински доброволец е прикажан во филмот со што воената реалност се преплетува низ филмската фикција.

Филмот е збогатен и со гротескната епизода во која е прикажана свадба во матичната служба во Новоросијск која што ја контролираат локалните вооружени милиции кои што имаат сопствени правила за венчавки.

Филмот е урнебесен за гледање, изнудува смеа, но и предупредува на опасноста од војната која што и на крајот на 2021-ва повторно се појавува во Донбас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе