Вести Македонија Топ вести

Неправилна медицинска евиденција – инспекторите пронајдоа недостатоци во третманот на родилката чие бебе почина во битолска гинекологија

Недостатоци во третманот на 24 -годишната родилка чие бебе почина во неделата при породувањето во Битолската болница  констатираа инспекторите на ДЗСИ при вонредниот инспекциски надзор. Од таму  соопштија дека  ќе бидат изречени прекршочни мерки за еден лекар гинеколог кој ја примил пациентката, за болницата и диркеторот.

Во извештајот се наведува дека младата жена првпат се  јавила на преглед во саботата, при што ја пргледал дежурен лекар на одделението за гинекологија. Потоа повтороно дошла 2 часа по полноќ во неделата, и е приемна од истиот лекар со болки, извршен е преглед, и дадена е терапија по што е пуштена дома, со образложение дека породувањето не започнало.

„ Пациентката била отпуштена дома со препорака  доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Но, во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо.“, се наведува во извештајот на ДСЗИ.  

Пациентката се вратила на болница во неделата околу 14 часот, повторно е прегледанао но сега од други гинеколози, кои биле дежурни, по што констатирале дека таа веќе е примена на одделение, иако,  при примопредавање на дежурството изјавиле дека  тоа не им било пренесено, ниту е запишано во рапортната тетратка.  Во 15 часот во неделата е извршено породување по природен пат со употреба на вакуум. Родено е живо машко дете.

„ Покрај упорната реанимација во траење од 2,30  часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог“, се наведува во извештајот на ДСЗИ. 

За стручниот дел од лекувањето инспекторите ќе побараат стручен надзор.   Исто така се очекува и обдукциониот извештај за да се утврдат причините за смртта на бебето. Се уште не е  готов и извештајот од обдукцјиата на 6 годишната Јана. За двете трагедии што за 20 дена се слулија во Битола, попладнево битолачни со сирена  протестираа пред Болницата. Велат дека оставката на директорот не е доволна, бараат одгворност  и одгвори за двата случаи.

  • Дојдовеме да го вклучиме алармот, оставката на директорот не е сатисфакција, потребни се реформи и итни мерки. Инспексција да доаѓа постојано  да се формираат тела и органзи, рече Игор Петковски, oрганзиатор на протестот.

Ова е трет протест на битолчани по смртта на малата Јана Христовска која почина по дадена инфузија, велат дека ќе продолжат се додека не се слушне нивниот галс и не се дознае вистината за смртта на двете деца во Битолската болница.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе